Капитенката на женската гимнастичарска репрезентација на Јапонија, Шоко Мијата, нема да настапи на Олимписките игри во Париз. Младата 19-годишна Мијата, која беше еден од главните адути на Јапонија во овој спорт, ги прекрши строгите правила поврзани со пушењето и пиењето алкохол, па затоа е исфрлена од тимот.
Тинејџерката призна дека во текот на минатиот месец се напила алкохол и запалила цигара откако се вратила во Токио од базата „Кнежество“. Пушењето и пиењето алкохол се забранети во Јапонија за помлади од 20 години.
Тренерот Муцуми Харада рече дека однесувањето на Мијата е непромислено, но дека таа била под голем притисок пред настапот на ЛОИ.
„Деновите ги минувала под голем притисок. Би ги замолил луѓето да имаат разбирање“, низ солзи во очите објасни тренерот Харида.
Мијата е актуелна шампионка во Јапонија. На Светското првенство во Ливерпул во 2022 година го освои бронзениот медал на греда, а во повеќебој беше петтопласирана.