Поради косовскиот репрезентативец Сари им се закани на навивачите на Лацио (Видео)

Денешниот тренинг на Лацио беше отворен за навивачите, па на трибините се појавија неколку стотици фанови. Дел од навивачите кои беа на трибините решија да му дофрлуваат, па дури и да го навредуваат Ведат Муриќи.

Целата оваа ситуација ја следеше тренерот Маурисио Сари, кој во еден момент го прекина тренингот и тргна кон навивачите што го навредуваа Муриќи.

„Ако уште еднаш ве слушнам како викате и како го навредувате Муриќи, ќе мора да си заминете од трибините“, се закани Сари, а потоа од трибините се слушна како некој довикува „Браво Мистер“.

Косовскиот репрезентативец Муриќи дојде во Лацио на почетокот на минатата сезона, кога челниците на римскиот тим платија 18,5 милиони евра на Фенербахче. Сепак, напаѓачот не ги исполни очекувањата, па во 27 меча во Серија А, постигна само еден гол, односно во 34 средби во сите натпреварувања, погоди само два пати.

 

- Оглас -

Најнови вести