Поради пет поени, тикетот кој вредеше речиси 900.000 денари не донесе огромна радост во Куманово

Тикет кој вчера беше уплатен во Sport Life во Куманово го доби приматот за малер на неделата затоа што за многу малку не донесе голема радост. Одиграни беа 12 пара, и тоа комбинации од фудбал и кошарка.

Од кошаркарската понуда, одиграни беа дури осуммина кошаркари, најголем дел за бројот на поени што ќе ги постинат, но и еден дел за асистенции кои треба да ги поделат во текот на мечот на коишто играа.

Од сите комбинации, единствено разочара Франк Камински од Партизан. Американскиот центар во дресот на Црно-белите на последните три меча во Евролигата постигнуваше 14 или повеќе поени, но овојпат застана само на шест поени. Токму тоа што не беше доволно ефикасен и не ја надмина границата од 10,5 поени, го направи тикетот да биде недобитен за бруто-добивка од неверојатни 889.667 денари.

Од фудбалските мечеви кои беа одиграни на овој тикет, сите беа погодени, но тоа е само утеха за обложувачот кој благодарение на тоа што тикетот е уплатен со Sport Life картичка, ќе добие утешни ваучери со кои ќе може да се коригира и да состави перфектен тикет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести