Поради снегот одложени петте меча од Првата фудбалска лига

Облините врнежи од снег во изминативе 24 часа се причина за одложување на денешните пет натпревари кои требаше да се играат во првото пролетно коло на фудбалската Прва лига на Македонија. Дербито меѓу Вардар и Пелистер требаше да биде во фокусот, а за денеска закажани беа и средбите Силекс – Шкендија, Ренова – Беласица, Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров и Борец – Шкупи.
„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло во 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година (недела)“, велат од ФФМ.
- Оглас -

Најнови вести