Поради својата алчност, Донарума остана без детскиот сон

Џанлуиџи Донарума нема да дочека да му се оствари сонот со Милан да настапи во Лигата на шампионите, иако беше клучна фигура на Росонерите за сезонава да се обезбеди пласманот меѓу најдобрите европски екипи.

Договорот му истекува на 30 јуни, а со оглед на тоа дека досега се двоумеше дали да ја обнови соработката, управата загуби трпение и си обезбеди негова замена. Милан за 15 милиони евра го откупи голманот на францускиот првак Лил, Мајк Мањан, кој се согласи на петгодишен договор според кој ќе заработува 2,5 милиони евра годишно, плус 500 илјади евра во бонуси.

Алчноста на Донарума и неговиот агент Мино Рајола ја расипаа контроверзната „љубов“ меѓу Милан и италијанскиот голман. Тие бараа договор вреден 10 милиони евра годишно, сума која Росонерите не сакаа да ја прифатат. Сега во игра за неговиот потпис се Јувентус, Барселона и ПСЖ, екипи кои може да ги исполнат условите на Рајола, меѓутоа неговиот клиент си остана без детскиот сон.

Кога Донарума имаше само 16 години и дебитираше за првиот тим на Милан, посакуваше со клубот за кој навива од дете да заигра во ЛШ, но алчноста уништи сè.

- Оглас -

Најнови вести