Порака во живо за Сидорф – Не си веќе селектор на Камерун

Кларенс Сидорф ќе добие отказ и нема да продолжи како селектор на Камерун, а веста за неговото разрешување ја доби на најлош можен начин.

Нарцис Муеле Комби, кој е Министер за спорт на Камерун, во живо на националната телевизија на оваа земја објави дека големата фудбалска легенда нема веќе да ја предводи фудбалската селекција.

„Кларенс не се вклопува во нашата визија за иднината на камерунската фудбалска репрезентација“, изјави Комби.

Камерун беше елиминиран од Нигерија во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите во еден од најубавите мечеви на турнирот, а сметката ќе ја плати Сидорф.

Популарните „Нескротливи лавови“ го загубија дербито со големиот ривал Нигерија со 2:3, а има и уште една причина за отказот што ќе следи за Сидорф.

Неофицијално, причина плус за разделбата со Камерун е и несогласувањето со неговиот помошник и сонародник Патрик Клајверт, кој сега е еден од кандидатите за селекторската позиција на сè уште актуелниот шампион на Африка.

Во финалето на популарниот АФКОН ќе играат Сенегал и Алжир на 19 јули од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести