Поранешен холандски репрезентативец обвинет за нелегална трговија со дрога!

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Квинси Промес, заедно со уште едно лице се обвинети за нелегална трговија со дрога и се сомничат дека со 2021 година преку белгиското пристаниште Антверпен увезле 1.300 килограми кокаин.

Ова е само продолжение на обвинувањата кон поранешниот репрезентативец на Холандија, кому претходно му се судеше за напад со нож и за трговија со дрога.

Тој во моментов настапува за Спартак Москва во Русија и не се појавува на закажаните судења во Холандија. Неговата матична земја нема како да го врати назад бидејќи Холандија и Русија немаат потпишано договор за екстрадиција и му се суди во отсуство. Следното рочиште е закажано за 5 јуни.

Напаѓачот за репрезентацијата на Холандија има одиграно 50 натпревари, на кои постигнал 7 погодоци. Пред Спартак Москва, има играно и за Твенте, Гоу ахед иглс и Ајакс во татковината и за екипата на Севиља во шпанската Примера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести