Поранешен ирски репрезентативец едвај спасил жива глава во Израел, со часови се криел во бункер

Поранешната ѕвезда во Премиер лигата и рекордер во ирската репрезентација по бројот на настапи и голови, Роби Кин, успеал да избега од Израел по нападот врз оваа земја кој го изврши Хамас изминатиот викенд, објави „Индепендент“.

Според медиумот, Кин неколку часа се криел во бункер во Тел Авив за време на нападите и гранатирањето врз Израел од страна на Хамас во кои загинаа повеќе од 700 Израелци. Потоа успеал да избега во Израел.

Роби Кин летово беше именуван за тренер на израелскиот прволигаш Макаби Тел Авив, а со себе го зеде и Рори Делап, кој му е асистент.

Кин по завршување на играчката кариера, започна тренерска, а последен ангажман му беше како помошник на Сем Алардајс во Лидс минатата сезона. Летово потпиша двегодишен договор со Макаби Тел Авив со кого оствари четири победи и едно реми во првите пет кола од израелскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести