Поранешен ММА борец ја убил сопругата, а потоа заминал на ручек кај нејзиното семејство (Видео)

Поранешниот бразилски професионален ММА борец, Луис Пауло дос Сантос е обвинет дека ја убил својата сопруга Елида Туана Ферера да Силва Сантос и тоа пред очите на нивниот шестмесечен син.

Убиството наводно се случило во нивниот дом во Сао Паоло, а деталите биле откриени една недела подоцна, кога било пронајдено телото на 26-годишната Елида Туана Ферера да Силва Сантос.

Поранешниот ММА борец прво пријавил во полиција дека неговата сопруга исчезнала на пат кон автобуската станица, кога отишла да ја посети мајка си.

Меѓутоа, неколку дена подоцна, телото на жената било пронајдено завиткано во пластика и фрлено во близина на река. Полицијата соопшти дека таа била застрелана со четири куршуми и дека рацете и нозете и биле врзани.

Во меѓувреме, се појавија снимки од надзорните камери од зградата во која живелее Сантос и Ферера да Силва, на кои се гледа како поранешниот ММА борец користи количка за да го однесе телото на неговата сопруга до семејниот автомобил, соопшти полицијата.

Тој, наводно, со телото ја напуштил зградата во раните утрински часови на 6 ноември и се вратил четири часа подоцна со својот син, додека жителите пријавиле дека слушнале истрели.

Откако жената исчезнала, а се разоткрила целата трагедија, се огласил и братот на убиената, Валдир Андерсон, кој тврди дека Дос Сантос ручал со семејството на неговата сопруга откако наводно ја убил.

– Има индиции дека мотивот бил љубомора, но ова треба подлабоко да се истражи – изјави началникот на полицијата, Бруно Коган за локалните медиуми.

- Оглас -

Најнови вести