Поранешен противник на Работнички се продава за 25 милиони фунти

Некогашниот премиерлигаш Болтон почна административна постапка за спас, а стечајниот управник Пол Аплетон објави дека клубот ќе оди на продажба за сума не помала од 25 милиони фунти.

Клубот кој играше против нашиот Работнички во квалификации за настап во Лигата на Европа во 2007 година, сега е на работ на банкрот, па покрената е постапка за расчистување на долговите, што треба да заврши со наоѓање нов сопственик.

Во сезоната што неодамна заврши, Болтон дури со 30 порази, односно најмногу во Шампионат лигата, испадна од втората по вредност англиска лига и се пресели во популарната Лига еден.

- Оглас -

Најнови вести