Поранешна ѕвезда на Ливерпул сака да купи англиски третолигаш

Дирк Кајт во 2017 година ја заврши професионалната фудбалска кариера, но не може да се раздели со својата пасија. Имено, легендата на Феенорд и поранешна ѕвезда на Ливерпул, планира да го купи фудбалскиот клуб Болтон, кој во новата сезона ќе се натреварува во третата по квалитет англиска лига.

Заедно со холандскиот бизнисмен Роб Јансен, како и неколку неименувани ексфудбалери, кројат план да го спасат поранешниот премиерлигаш од финансиските проблеми во кои се наоѓа. Болтон минатата сезона испадна од Чемпионшип лигата, а со финансиските проблеми се надоврзаа и неколку штрајкови на играчите, додека актуелната управа имаше два неуспешни обиди да најде нови сопственици.

Во вистински момент се појави Кајт, кој е решен да спречи банкрот на клубот и да го врати на старите патеки.

Дополнителна мака прави фактот што сезоната во третата англиска лига Болтон ќе ја започне со заостаток од 12 бода, како казна поради нерегуларностите со финансиите.

- Оглас -

Најнови вести