Поранешната девојка на Ѓоковиќ во друштво на Конор Мекгрегор (Фото)

Поранешната девојка на тениската мегаѕвезда Новак Ѓоковиќ, Лидија Поповиќ, денеска е најуспешна српска диџејка, а за свој настап наводно зема и по 30.000 евра.

Лејди Ли, како што е нејзиното уметничко име, пред повеќе од 15 години беше во врска со Ѓоковиќ, во времето пред тој да почне да се забавува со сегашната сопруга Јелена. Неодамна Лидија даде изјава во врска со нејзиниот однос со Новак.

„Новак е прекрасен во секој поглед, можам само да го пофалам. Ни беше убаво, но тоа што го имавме е далечно минато. Нашите патишта се разминаа, секој си има своја кариера. Не се слушаме веќе“, изјави Лидија, која неодамна е прогласена за најдобар Диџеј во Србија.

Девојката која ја споредуваат со Ким Кардашјан, на „Инстаграм“ објави фотографија со славниот ММА борец Конор Мекгрегор, со кого се сретнала во Кан.

- Оглас -

Најнови вести