Поранешниот број 1 тенисер во светот со екстремно решение: Би ги убил сите оние кои ја прекршуваат изолацијата

Марсело Риос е тенисер кој пред 20-тина години беше меѓу најдобрите во светот. Чилеанецот успеа да стигне и до број 1 позицијата на АТП листата, но никогаш не успеа да освои ниту еден Гренд слем. Се повлече во 2004 година и тоа со само 27 години, затоа што не можеше да го издржи притисокот од честите повреди.

И по завршување на играчката кариера, Риос остана активен во коментирање на тениските настани, а сега најде „перфектно“ решение за тоа како да се задржат во своите домови сите оние кои треба да бидат во изолација, но не ги почитуваат препораките. Чилеанецот всушност го поддржа предлогот на претседателот на Филипини, Родриго Дутерт, кој изјави дека сите оние кои ја прекршуваат препораката за изолација, треба да бидат убиени.

„Не знам каква е власта на Филипини, но сигурен сум дека ако се убијат двајца од оние кои ја прекршуваат мерката за изолација, ќе предизвика ефект кај останатите да не им падне на памет да излезат и да ги прекршуваат мерките за безбедност. Кога некој не ги почитува правилата потребна е цврста рака“, е мислењето на Риос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести