Поранешниот македонски селектор е на интензивна нега, има тешка пневмонија

Коронавирусот го искомпликува здравјето на легендарниот Велшанец Џон Тошак, кој пред десет години беше и македонски селектор. Тошак се наоѓа во оддел за интензивна нега болница во Барселона каде се бори со тешка пневмонија.

Овој 72-годишен стручњак, е играчка легенда на Ливерпул и Кардиф сити, а како тренер го водеше и славниот Реал Мадрид во два наврати. Селектор беше на родниот Велс и на Македонија, во периодот 2011-2012 година, кога претседател на ФФМ беше Хари Хаџиристески.

Тошак имал проблеми со дишењето и поставен е механичка вентилација со помош на респиратор.

 

- Оглас -

Најнови вести