Поранешниот предводник на Шпанија и Реал Мадрид е нов селектор на Катар

Шпанскиот тренер Хулен Лопетеги е нов селектор на фудбалската репрезентација на Катар, а на таа позиција го наследува неговиот сонародник, Луис Гарсија. Фудбалскиот сојуз на Катар објави дека потпишале договор на две години, а главна цел ќе биде да обезбедат пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

За Лопетеги ова е враќање на репрезентативниот фудбал, откако до 2018 година ја предводеше Шпанија и имаше серија од 20 натпревари без пораз, но беше сменет непосредно пред почетокот на Светското првенство во Русија, бидејќи потпишал договор со Реал Мадрид без знаење на челните луѓе од Фудбалскиот сојуз. Сепак, неговиот ангажман во редовите на „кралевите“ траеше кратко.

Лопетеги во својата тренерска кариера, освен Реал Мадрид и сениорите на Шпанија, ги предводеше и младинските селекции на „фуријата“ до 19, 20 и 21 година, како и Рајо Ваљекано, Порто, Севиља, Вулверхемптон и Вест хем.

 

- Оглас -

Најнови вести