Поранешните играчи на Реал се палат против Барса

Борха Мајорал синоќа беше стрелец на еден од двата гола со кои Леванте ја победи Барселона во првиот меч од Купот на Шпанија и стана четвртиот фудбалер кој го носел дресот на Реал Мадрид, а сезонава постигнал гол против најголемиот ривал на Реал. Леванте стана вториот тим по Реал Мадрид кој има две победи над Барса во ерата на тренерот Ернесто Валверде.

Ова покажува дека за секој што играл за Кралскиот клуб, мечевите против Барса се посебно мотивирачки. Мајорал е позајмен од Реал и неговата иднина е неизвесна, но поголеми се шансите од јули да биде целосно откупен од некој клуб отколку да продолжи да биде резерва во Реал.

Покрај Мајорал, кој погоди во Купот, сезонава мрежата на Барселона ја тресеа и Пабло Сарабија, Езекиел Гарај и Серхио Каналес. Аргентинецот Гарај од Валенсија и некогашниот мега талент Каналес од Бетис дадоа голови против Барса во првенството, а Сарабија кој е член на Севилја, погоди во шпанскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести