Во првиот од двата контролни натпревари кои македонската репрезентација до 19 години ги игра против Словенија, забележан е пораз од 3:1.
Гостите поведоа во 26-тата минута, а стрелец на голот беше Флоријан Межнар. Само пет минути подоцна, Денис Виденовиќ зголеми на 2:0.
Во 42-рата минута Иво Марковски го совлада противничкиот голман и ја намали предноста на Словенците на 2:1.
Конечниот резултат беше поставен во 74-тата минута, кога во листата на стрелци се запиша Тилен Летоња.
Составот предводен од Димитар Капинковски против Словенија ќе одигра уште еден дуел, и тоа в четврток, а натпреварот на теренот во комплексот Горан Пандев ќе се одигра од 12 часот.
МАКЕДОНИЈА: 1. Александар Трајков, 2. Албан Рочи (21.нВалмир Хамити 70), 4. Матео Кесиќ, 5. Андреј Димовски (19. Флорент Османи 70), 7. Флори Иљази (23. Стефан Јорданоски 70), 8. Лорент Жаку (3. Стефан Секирски 70), 10. Иван Танчев (18. Ристе Милев 80), 11. Стефан Бранковски (17. Мартин Џангаровски 60), 13. Иво Марковски (15. Стефан Стаматовски 70), 16. Филип Цветковски (5. Андреј Димовски 80), 20. Лука Варошански (6. Матеј Киш 80).

