Машката ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 19 години на стартот од главната фаза на Светското првенство кое се игра во Хрватска загуби од Данска со 30-37, со што шансите за место во четвртфиналето стануваат само теоретски, а вечер може и нив да ги снема, па дуелот со Австрија ќе решава дали Македонија ќе разигрува за 9-12 или 13-16 место.
Најефикасни во македонскиот тим денеска беа Дамјан Митев и Давид Димевски со по 6 гола.
И покрај поразот, ракометарите добија аплаузи од нашите фанови кои беа на трибините во салата во Риека.