Пораз по кој Лацио може да се збогува од трката за место во ЛШ

Фиорентина го победи Лацио со 2:0 во меч од 35. коло во Серија А. Душан Влаховиќ е херојот на домаќините, постигнувајќи по еден гол во двете полувремиња. Првиот гол, Влаховиќ го даде во 32 минута, а неизвесноста траеше до пред самиот крај.

Во 89 минута Влаховиќ по втор пат го матираше Пепе Рејна за три бода по кои Виолетовите стигнаа до 38 бодови, со што се чекор поблиску до спас од испаѓање.

Лацио по овој пораз остана на пет бода заостанување зад Аталанта, Јувентус и Милан кои се во борба за местата кои водат во Лигата на шампиони за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести