Поразот на Олимпија значи збогум за Хаџиќ и добредојде за Александар Васоски?

Сафет Хаџиќ е под голем притисок и можно е многу брзо да добие отказ во Олимпија, а како сериозен кандидат за негов наследник е и сегашниот страгет на Вардар, Александар Васоски.

Олимпија денска загуби со 0:1 од конкурентот за титулата Целје и има само два бода предност на врвот на табелата на 9 кола до крајот на словенечкото првенство.

Сопственикот на популарните Змајчеки, Милан Мандариќ е незадоволен од работата на Хаџиќ, а и денеска по мечот се спомна опцијата да има смена на тренерот.

„Не зависи од мене. Главниот збор ќе го имаат претседателот на клубот и спортскиот директор. Сега е најважно да не паднеме по незгодниот пораз од Целје“, одговори Хаџиќ на новинарско прашање за неговата судбина во клубот.

Мандариниќ најави дека ќе ангажира млад тренер, а Васоски комплетно се вклопува во визијата на познатиот фудбалски маг, кој е прв човек на Олимпија.

Популарниот Тетовче со голем успех дебитираше сезонава на клупата на Вардар, тим што до прекинот на првенството имаше 10 бода предност пред Силекс и 11 од актуелниот шампион Шкендија во македонската Прва Лига.

- Оглас -

Најнови вести