Портимоненсе со порака до Барселона: „Гледајте како требаше“ (Видео)

Во викендот кој е зад нас, се случија многу резултатски изненадувања во фудбалска Европа. Едно од најголемите изненадувања, секако, е победата на Портимоненсе на стадионот „Луж“ во Лисабон против гигантот Бенфика.

Само пред неколку дена, Бенфика убедливо со 3:0 ја победи Барселона во Лигата на шампионите, а сите очекуваше лесна победа и над Портимоненсе. Сепак, на теренот малиот тим кој лани едвај се спаси од испаѓање, покажа како треба да се одигра против Бенфика.

Гостите не само што одлично се бранеа, туку по еден изведен корнер во второто полувреме стигнаа до погодок кој значеше и сензационална победа над некогашниот европски првак.

По завршување на средбата, на социјалните мрежи се појави и порака посветена на Барселона. Пораката беше кратка и гласеше „Видовте? Барселона“, алудирајќи на тоа дали каталонскиот гигант видел како требало да игра против Бенфика за да победи.

https://twitter.com/i/status/1444743959876718593

- Оглас -

Најнови вести