Портланд ќе го предизвика шампионот Голден стејт во финалето на Западната конференција

Портланд трејлблејзерс ќе го предизвика шампионот Голден стејт вориорс во финалето од Западната конференција во НБА-лигата по триумфот од 100:96 во шестиот меч од полуфиналната серија против Денвер.

Портланд ја доби серијата со 4:2 во победи, а блескаше бекот Си-Џеј Мекалум со 37 поени. Тој одигра вистинска симултанка во „Пепси центарот“, а беше незадржлив за кошаркарите на домашната екипа. Имаше и 9 скока во клучниот меч што го доби Портланд.

Блејзерс сега имаат шанса да се пробијат до четвртото НБА-финале во клупската историја, но ќе мораат да најдат рецепт за да го изненадат првакот Голден стејт.

Денвер иако беше фаворит, не успеа да го елиминира Портланд, а најдобриот кошаркар на Нагетс, Никола Јокиќ, на крајот беше и трагичар во клучниот пораз.Утна удар за два поени, потоа не успеа да искористи едно од двете слободни фрлања и поразот и елиминацијата беа неизбежни.

Јокиќ постигна 29 поени, комбинирани со 13 скока, а Џамал Мареј беше втор стрелец со 17 поени, но и со лош ефект од 4 погодени удари од 18 упатени кон кошот на Портланд.

 

 

- Оглас -

Најнови вести