Порто го урна Галатасарај и во Истанбул, Шалке во финишот стигна до триумф

Порто со конечни 3-2 го совлада турскиот шампион Галатасарај, иако триумф не им беше потребен на „змејовите“. Сепак, избраниците на Консесијао се израдуваа во Истанбул, па освоија вкупно 16 бода од максимални 18 по шест натревари во групната фаза. Јасно е дека во осминафиналето ќе патуваат како лидери, додека Галатасарај ќе се теши со нокаут-фазата во Лигата на Европа.

Фелипе во 17-тата минута им донесе прва предност на гостите, а Марега од пенал зголеми на 2-0 во 42-рата минута. Пред крајот на првиот дел и Галата доби најстрога казна, а ја искористи Фегули.

Оливеира во 57-мата минута погоди за 3-1, и тоа беше првиот гол од игра на средбата. Дергијок им даде надеж на домаќините во 65-тата минута, а Галатасарај можеше да го израмни резултатот само по две минути. Фегули одново се намести да изведе пенал, но овојпат пречката им беше сојузник на „змејовите“.

Шалке во финишот го скрши отпорот на Локомотив Москва, совладувајќи го рускиот првак со 1-0. Во првата минута од судиското надополнување, Шоф ја донесе третата победа во групите за германскиот тим. За Локомотив заврши европската авантура, само со три бода завршија на последното место во групата Д.

 

 

- Оглас -

Најнови вести