Порто има „страшен“ голгетер, шест од шест за Марега во ЛШ (видео)

Муса Марега првично не требаше да настапи во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако му беше прогнозирана пауза од два месеци по повредата на почетокот од февруари. Сепак, тој се врати од повреда точно навреме за реваншот со Рома.

Порто бараше втор гол со кој ќе може да изнуди барем продолженија против „волчицата“, а го доби преку Марега во 52-рата минута. За репрезентативецот на Мали ова е шести погодок на последните шест настапи во Лигата на шампионите оваа сезона, а овој сигурно ќе му биде омилен.

Преостануваат уште петнаесетина минути од средбата на „Драгао“, а како што стојат работите (2-1), ќе се гледаат и дополнителни 30 минути.

https://www.dailymotion.com/video/x73munk

- Оглас -

Најнови вести