Змејовите од Порто ќе летаат до победа со ваква поддршка (Фото)

Порто има клучна меч-топка за титула вечерва против Тондела, а популарните Змејови имаа спектакуларно испраќање на пат кон Визеу.

Симпатизерите на 28-кратниот португалски првак дојдоа за да му дадат подршка на тимот што со победа ќе биде на прагот на шампионската круна.

Порто на четири кола до крајот има 6 бода предност во однос на Бенфика, а притоа има и значајна предност и во вториот критериум, односно подбар е од големиот ривал во меѓусебните дуели.

Мечот со Тондела ќе се игра од 20.15 часот, а и домаќините имаат свои сметки во битката за опстанок во популарната Примиера.

 

- Оглас -

Најнови вести