Порто нема пораз во 2022 година, но вечерва е пред голем предизвик

Португалските гиганти Спортинг и Порто вечерва ќе играат во првиот меч од полуфиналето на Купот во Португалија. Овој дуел е како финале пред финале ако се знае дека во второто полуфинале ќе играат Тондела и второлигашот Мафра.

Спортинг вечерва игра на свој терен, а мотивот ќе биде голем. Да се победи Порто и реваншот да го чека со предност. Порто нема ниту еден пораз во 2022 година и е во низа од 13 победи и три нерешени во последните 16 натпревари.

Спортинг и Порто имаат по 17 титули во Купот, што значи дека победникот во полуфиналниот двобој ќе има голема шанса да отиде чекор напред пред ривалот. Најтрофеен клуб во Купот е Бенфика со 26 титули.

Овие два тима меѓу себе имаат одиграно дури 241 меч, а Порто е малку поуспешен со 86 победи, додека Спортинг се радувал на 83 меча.

Во последните три години имаат одиграно дури 10-пати меѓу себе, а традицијата вели дека треба да има голови. На седум од тие 10 дуели било ГГ3+, а еднаш завршило 1:1, што значи дека дури осумпати се треселе мрежите на двата тима.

- Оглас -

Најнови вести