Порто урна рекорд стар половина век, шоуто им го украде навивач што ги шутираше играчите (Видео)

Порто го победи Гимараиш со 1:0 и со серија од 57 меча без пораз го урна рекордот на Бенфика од сезоната 1978/79, но шоуто го украде навивач на домашниот тим.

Од трибината каде што беа симпатизерите на Гимараиш влета на теренот и почна да ги шутира домашните играчи незадоволен од поразот на својот тим.

Целата ситуација со навивачот која можеше да биде и многу поопасна да не реагираа играчите на Гимараиш можете да ја погледнете ОВДЕ.

Порто победи со голот на Мехди Тареми од пенал во првото полувреме и има фантасична серија од 57 меча без пораз во португалското првенство, еден повеќе од досегашниот рекорд на Бенфика од сезоната 1978/79.

https://www.youtube.com/watch?v=89rFAyWG_a4

 

 

- Оглас -

Најнови вести