Порто води, но Кизиќ го држи Вардар во живот

Вардар е во негатива од еден гол при резултат од 11-10 по првите 30 минути во мечот од 13-тото коло во Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак уште од самиот старт брка резултат, а благодарение на расположениот голман Кизиќ негативата е само еден гол.

Деветнаесетгодишниот Кизиќ запиша девет интервенции во првото полувреме, преку кои Вардар успеваше да се врати во игра и да не му дозволи на противникот да изгради недостижна разлика. Расположен е Шишкарев, засега има 4/5 реализација, додека недостастуваат погодоците на Дибиров, кој не реализира ниту еден од трите обиди.

- Оглас -

Најнови вести