Португалец на дебито со историски гол ги спаси Мурињо и Рома од нова бламажа (ФОТО)

Серџо Оливеира со својот прв гол во дебитантскиот настап за Рома донесе победа за својот нов тим од 1:0 против Калјари во рамките на 22-рото коло од италијанската Серија А.

Тој ја затресе мрежата на Калјари во 33-тата минута, и тоа со удар од пенал.

Со овој погодок, Оливеира е првиот Португалец којшто постигнал гол за Рома во оваа сезона, а воедно и прв играч којшто погодил на своето деби за римскиот тим од сезоната 1994/95.

Со ова, Рома ја прекина серијата од три неуспеси и сега има 35 бодови, со што се израмни со градскиот ривал Лацио, со кого го дели шестото место.

- Оглас -

Најнови вести