Португалија само еднаш водеше со четири гола разлика, и таа предност ја има на полувреме

Македонија губи со 11-15 по првото полувреме на гостувањето кај Португалија во меч од квалификациите за ЕП 2024 во ракомет за мажи, а до 29-та минута највисоката предност што ја имаа домашните беше плус два.

Во финишот, Португалците направија серија од 4-0, па после 11-11, дојдоа до солидна предност од 15-11.

За избраниците на Кирил Лазаров на повидок е нов пораз, па пласманот на ЕП во Германија ќе треба да обезбедиме во априлските мечеви со Луксембург и Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести