Португалски џудист својот медал им го посвети на компаниите кои не сакале да му бидат спонзори

Португалскиот џудист, Жорже Фонсека, на Летните олимписки игри во Токио освои бронзен медал во категоријата до 100 килограми, и потоа привлече внимание со изјавата дека медалот им го посветува на производителите на спортска опрема, „Пума“ и „Адидас“, кои не сакале да му бидат спонзори и го потцениле.

„Ми рекоа дека не сум бил шампион и немам доволно квалитет и резултати за да бидат мои спонзори. Затоа овој медал им го посветувам на Пума и Адидас. Јас сум двократен светски шампион, сега и трети на Олимписки игри. Што треба повеќе од тоа?“ – изјави Фонсека.

Од „Пума“ засега нема никаков одговор, додека од „Адидас“ објавија соопштение дека мислат оти Фонсека е екстремно талентиран спортист, но некогаш треба да се донесат тешки одлуки околу тоа кој спортист треба да биде спонзориран, а кој да биде одбиен.

- Оглас -

Најнови вести