Португалскиот селектор откри која е најголемата неисполнета желба на Кристијано Роналдо

Португалскиот селектор Фернандо Сантош, откри дека неговиот пулен Кристијано Роналдо има една голема неисполнета желба во фудбалската кариера, а тоа е да освои Светско првенство. Последна шанса на Роналдо да му се исполни оваа желба е Мундијалот во Катар во ноември и декември следната година, кога Роналдо ќе биде 37-годишен.

„Сигурен сум дека Кристијано ќе дојде да тренира со истата мотивација со која доаѓаше и досега. Се надевам дека ќе продолжи со истата амбиција како и досега. Не зборувам за неговиот број на голови, туку за колективот. Тој има една голема желба, да освои Светско првенство. Тоа нè движи и него и нас напред” – вели човекот под чие водство Португалија во 2016 година стана европски шампион.

Во мартовскиот циклус квалификации, адути на Сантош покрај Роналдо се Пепе, Бруно Фернандеш, Жота, Жоао Феликс и Бернардо Силва.

- Оглас -

Најнови вести