„Летечкиот старт“ на Брага против Ференцварош во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа потврди дека португалските екипи се многу поопасни дома отколку на гости.
Унгарците првиот меч во Будимпешта го добија со 2-0, но денеска на реваншот во Брага веќе по 34 минути игра беше 3-0 за португалскиот тим, кој на крајот славеше со 4-0, четвртиот гол кој може да го погледнете ТУКА, беше постигнат во осмата минута од второто полувреме.
Откако Спортинг Лисабон синоќа го торпедираше Бодо/Глимт во Лигата на шампионите и надомести негатива од 0-3 од првиот меч и Брага оди понатаму со прилично голем пресврт кој носи поени за португалскиот клупски фудбал.
Во четвртфиналето на Лигата на Европа, Брага ќе игра со Бетис или Панатинаикос.

