Португалците ја победија Македонија и се најдоа во првиот фаворитски шешир при ждрепката за СП

Иако не се познати сите земји учеснички на Мундијалот во Катар, познато е која репрезентација во кој шешир ќе биде при ждрепката во Доха утре од 18 часот.

Има само уште три слободни места, кои ќе бидат пополнети со победниците од баражите Велс – Шкотска/Украина, Перу – Австралија/Обединетите арапски емирати и Нов Зеланд – Костарика. Победниците од овие дуели во јуни, ќе бидат во четвртиот, најслаб шешир.

Катар како домаќин ќе биде во првиот шешир и ќе биде најпосакуван противник за селекциите од вториот и третиот ешалон. Освен Катар, носители ќе бидат и Белгија, Бразил, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и Португалија како најдобро рангирани на ФИФА-листата.

Во вториот шешир се: Данска, Холандија, Германија, Мексико, САД, Швајцарија, Хртватска и Уругвај.

Во третиот се: Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Србија, Полска, Јужна Кореја и Тунис.

Во четвртиот ќе бидат: Канада, Саудиска Арабија, Еквадор, Гана, Камерун и трите победници од јунските баражи.

При ждрепката ќе има ограничување, не може да има повеќе од две европски селекции во иста група, а од другите континенти, не смее да има повеќе од еден тим во иста група.

- Оглас -

Најнови вести