Португалските медиуми открија фасцинантна врска помеѓу менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим (40), и фудбалерот Диого Дало (26) кој игра за истиот клуб.
Двајцата се далечни роднини. Нивното заедничко потекло води од семејството Дало, а семејната приказна е детално опишана на генеалошкиот портал geneall.net.
Карлос Дало, кој бил роден во Франција, основале патувачки театар во Португалија, а нивната трупа, позната како „Ирмаос Далот“, станала синоним за популарни циркуски и театарски претстави што ја воодушевувале публиката низ цела Европа.
Иако биле најпознати по своите акробации, гимнастика и кловновство, браќата и сестрите Дало оставиле неизбришлив белег во португалската култура и уметност, поврзувајќи го своето семејство со други големи имиња во светот на глумата.
Денес, во 2025 година, две истакнати имиња во португалскиот фудбал, тренерот Аморим и и играчот Дало, доаѓаат од истата лоза на Карлос Дало, кој е нивен прапрадедо.

