Порзингис покажа дека и Ленард може да биде насамарен (видео)

Клиперси ја добија првата пресметка во серијата против Далас со 118:110, меч во кој блесна Лука Дончиќ, а неговиот соиграч Кристапс Порзингис предвреме го заврши настапот поради два технички фаули.

Летонскиот џин до исклучувањето кон крајот на третиот период реализира 14 поени и имаше шест скока, а во еден напад покажа дека и Канџата, кој важи за одличен дефанзивен кошаркар, може да биде насамарен. Со едноставен потег, Порзингис го натера Ленард да легне на паркетот и да реализира лесни поени.

- Оглас -

Најнови вести