После бодот во Удине, и навивачите на Наполи се свртеа против Анчелоти

Удинезе и Наполи одиграа 1-1 на „Дачија арената“ во меч кој требаше да биде македонско дерби, но Илија Несторовски од домашниот и Елиф Елмас од гостинскиот тим, останаа на клупата за резерви и не добија шанса.

Играта која ја прикажа Наполи во првото полувреме кога не упати ниту шут, толку многу ги налути фановите, што тие по социјалните мрежи веќе почнаа да бараат нов тренер. Лут од негативата од 0-1 и играта беше и Карло Анчелоти, па Наполи покажа сосема друго лице и изедначи на 1-1, а одеше и по втор гол. Но, тие напади спласнаа откако резервата Максимовиќ доби црвен картон во 79 минута.

За Удинезе бодот е важен во борбата за опстанок, а на Наполи бодот не му врши работа во обидите да се доближи до местата на табелата кои водат во Европа. Овие тимови пет години немаа играно нерешено во своите меѓусебни дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести