По Конте, во Наполи ќе командува Алегри?

Масимилијано Алегри доби отказ од Милан, но искусниот стратег би можел многу брзо да се врати на работа. Само ден по разделбата со Росонерите, италијанските медиуми веќе го поврзуваат со клупата на Наполи.

Алегри доби отказ откако Милан не успеа да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона, што беше една од главните цели на клубот.

Сепак, неговото враќање во елитното европско натпреварување е реална опција доколку седне на кормилото на Наполи, тимот кој до неодамна беше предводен од Антонио Конте.

Покрај Алегри, меѓу кандидатите за тренерската функција во клубот од Неапол се споменуваат и Андони Ираола и Тијаго Мота.

- Оглас -

Најнови вести