По операцијата на лакотот, Ѓоковиќ плачел три дена

Еден од најдобрите спортисти на светот и бескомпромисен борец, Новак Ѓоковиќ, приватно е поинаков отколку на тениските терени, ја откри својата нежна страна, и човекот кој по победа знае да искине маица, призна дека по операцијата на лактот покажал слабост и постојано плачел.

„Не сакам операции, верувам дека телото има механизми за самозаздравување. Но, сакав побрзо да се вратам и тоа беше компромисот, морав на операција. По операцијата на лактот, имав измешани емоции, плачев два или три дена. Секогаш кога ќе помислев што сум правел, чувствував дека сум потфрлил по моја грешка, а и се плашев дали целосно ќе закрепнам. Никогаш не знаете како ќе реагира телото, за среќа, добро поминав“, изјави човекот кој е магнет за трофеи.

Во 2016 го освои Ролан Гарос и како што вели, изгорел емотивно бидејќи не очекувал дека некогаш ќе слави на земјата во Париз, па се прашувал дали ќе најде мотиви во иднина. Во март годинава, на Индијан Велс и Мајами на ментален план го допрел дното, таму се чувствувал беспомошно.

Но, двете години без освоен Гренд слем турнир тешко му паднаа на Србинот. Од Вимблдон 2016 до Вимблдон 2018 му падна процентот на победи, менуваше тренери, се шпекулираше за криза во бракот, капак беше операцијата, но тој сега се врати на врвот, повторно е прв, а заслугата е кај него лично и кај тренерот Марјан Вајда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести