После овој погодок во Австралија, во голот дефинитивно веќе нема пајажина (Видео)

Фудбалерот на Сиднеј, Калем Њувенхоф, има 19 години и денеска дебитираше на натпревар од австралиската А-лига, а притоа постигна гол кој ќе го памети и тој и сите присутни на стадионот.

Сиднеј го победи новозеландски Велингтон со 2-1, тинејџерот дебитант се прослави со мајсторски погодок. Му беше оставен доста простор, се намести, и од 20-тина метри откосо од десната страна испрати вистински проектил. Топката имаше движење како ракета, заврши во горниот агол и шутот на младиот Њувенхоф беше неодбранлив.

Погледнете, ова е веројатно најубавиот гол кој е постигнат денеска:

- Оглас -

Најнови вести