Последна шанса – Палермо бара да се одложи баражот за Серија А

Палермо очекувано поднесе жалба на одлуката на Федералниот суд на Италија, кој пресуди клубот од Сицилија да биде преселен во понизок ранг на натпревари, во Серија Ц, поради финансиски малверзации на Маурицио Цампарини.

Со жалбата од Палермо бараат и да не почнува плејофот за пласман во Серија А, на кој треба да учествуваат бидејќи беа третопласирани на крајот од шампионатот во Серија Б.

„Италијанската фудбалска федерација погреши и лани на сметка на Палермо и бараме да не направи нова грешка на наша штета. Ќе го поставиме прашањето за судбината на клубот и во Парламентот на Италија, а бараме да не почнува плејофот сè додека не се одлучи за нашата жалба на одлуката на Федералниот суд да не пресели во понизок ранг на натпревари“, изјави сенаторот од Палермо, Стени ди Пјаца.

Федералниот суд вчера донесе одлука да го пресели Палермо во Серија Ц поради финансиски малверзации на претходниот претседател на клубот Маурицио Цампарини, но и поради недоставување банкарска гаранција за оваа сезона. Клубот им должи пари и на играчите, па сè заедно доведе до шокатнтен развој на настаните за клубот што имаше амбиции да се врати во Серија А, но веројатно ќе игра во Серија Ц од идната сезона.

За Палермо играат Илија Несторовски и Александар Трајковски, а ако клубот биде преселен во понизок ранг, сигурно ќе си заминат.

- Оглас -

Најнови вести