Последниот воз за плејоф минува низ Вашингтон

Вашингтон визардс – Мајами хит (НБА, 00 часот)

Двете екипи водат голема битка за осмата позиција во Источната конференција, а моментно на тоа место е токму Мајами хит со 5 победи повеќе од Вашингтон.

На Визардс ќе им треба магија на последните десеттина натпревари за да се надеваат на подвиг и настап во плејофот. Ако ноќеска не успеат да го победат Мајми, за нив битката за настап во доигрувањето ќе биде готова.

Веројатно повторно ќе им недостасува крилото Тревор Ариза, заедно со оддамна отсутните поради повреда Џон Вол и Двајт Хауард, но мораат да атакуваат на победа.

Кај Мајами хит неизвесен е Џастин Винслоу. Гостите имаат многу подобра позиција, но не се комотни за плејоф. Веднаш зад нив е Орландо меџик, а шанси има и Шарлот хорнетс.

Иако мечот многу им значи на двете екипи и би требало да се игра поцврсто во одбраната, сепак ќе типуваме дуел со повеќе од 219.5 поени. Последните пет меча им беа многу ефикасни, па очекуваме реприза и ноќеска.

Предлог тип: > 219.5 поени (1.85)

 

Атланта хоукс – Филаделфија 76 (НБА, 00.30 часот)

Јастребите со победа против Јута џез прекинаа серија од три порази, но доцна се будат и немаат ниту теоретски шанси да продолжат во плејофот.

Ноќеска на гости им доаѓа тимот со најдолга серија победи во моментов, заедно со Денвер. Популарните 76-ки нанижаа шест успеси по ред, Џоел Ембид игра извонредно, а Филаделфија повторно е во шампионски транс. Имаат страшна стартна петорка и се надеваат дека можат далеку да стасаат сезонава.

По традиција двете екипи играат ефикасни мечеви, а нешто слично се очекува и ноќеска во Атланта.

Предлог тип: >235.5 поени (1.87)  

 

Чикаго булс – Јута џез (НБА, 01 часот)

Домашниот состав има многу проблеми со повредите во финишот на регуларниот дел од сезоната во НБА, но за нив оддамна исчезнаа шансите за плејоф, па можат да комбинираат и со кошаркарите што ретко добиваат шанса.

Бековите Дан и Лавињ се неизвесни за настап, исто како и Портер, а сигурно нема да игра и Вендел Картер, па Чикаго е аутсајдер против Јута џез.

Гостите со пораз од Атланта хоукс си прекинаа серија од пет победи, но се уште се со одлични шанси да играат во плејофот. Ако го поразат Чикаго ноќеска, тогаш ќе бидат многу блиску до настап во доигрувањето за титулата.

Предлог тип: 2-2&>215.5 поени (2.65)

 

Голден стејт вориорс – Далас маверикс (НБА, 01.30 часот)

Шампионот е во мртва трка со Денвер нагетс за првото место во Западната конференција. Двете екипи имаат ист биланс од 49 победи и 22 порази, па секој меч до крајот на регуларниот дел е важен.

Кикс не смее да има, особено не во дуелите со екипи што веќе не се во игра за пласман во плејофот. Далас нема шанса, но знае да биде незгоден противник за Голден стејт.

На последните четири дуели скорот им е 2:2, но ноќеска голем фаворит е Голден стејт. Ќе типуваме дека ќе победи во меч со многу поени.

Предлог тип: 1-1&>219.5 поени (2.35)

 

Сакраменто кингс – Феникс санс (НБА, 03 часот)

Кралевите од Сакраменто уште се надеваат на подвиг и настап во плејоф, иако имаат многу мали шанси. Заостануваат за 7 победи зад Сан Антонио, а време веќе нема многу до крајот на регуларниот дел на сезоната.

Ако сакаат да се пробијат до осмата позиција, што сепак би била првокласна сензација мораат само да победуваат во последните 12-13 натпревари. Секако и ноќеска против оддамна отпишаниот Феникс санс.

Сакраменто има солиден тим, игра брза кошарка, што потполно им одговара на гостите, па ќе ви предложиме да одиграте победа на домашниот состав во ефикасен меч.

Предлог тип: 1-1>229.5 поени (2.70)

 

 

- Оглас -

Најнови вести