Поставен нов рекорд за најдолг скок на Гармиш-Партенкирхен, има нов лидер во генералниот пласман (Видео)

Австриецот Даниел Цофениг е победник на денешното натпреварувањето во ски-скокови на Гармиш-Партенкирхен. Ова беше втора „станица“ од традиционалната Новогодишна турнеја „Четири скокалници“. Со оваа победа, Цофениг сега е на првото место во генералниот пласман на Светскиот куп, но и лидер на Четири скокалници.

Денешниот побдник на Гармиш-Партенкирхен имаше скокови од 141,5 и 143 метри и освои вкупно 298,9 поени. Второто место го освои Швајцарецот Грегор Дешванден со 8,6 поени помалку од победникот. Трет на Гармиш-Партенкирхен заврши уште еден Австриец. Михаел Хајбек собра 289 поени, а имаше скокови од 145 метри и 137,5 метри. Скокот од 145 метри е поставување на нов рекорд на оваа скокалница.

- Оглас -

Најнови вести