Поставен нов скијачки рекорд над рекордите, никој никогаш не победувал како Микела Шифрин!

Американката Микаела Шифрин со денешната победа на слаломската трка во Оре, стана апсолутна рекордерка во историјата на алското скијање по бројот на победи во Светскиот куп.

Шифрин има 87 победи, и сега е рекордерка, надминувајќи го славниот Ингемар Стенмарк кој имаше 86 и долго време го држеше првото место.

Микаела која има 27 години, ако продолжи со одличната форма, уште во следната сезона или наредната после нејзе, може да дојде и до 100 победи, што би било тешко достижна граница за идните генерации скијачи и скијачки.

Од овие 87 победи на Шифрин, 53 се во слалом, 20 во велеслалом, по 5 во супер џи и паралел слалом, три во спуст, и една во комбинација.

- Оглас -

Најнови вести