Постави светски рекорд и доби 1 милион долари, а пливаше допингуван и нема да биде казнет

Грчкиот пливач Кристијан Голомеев постави нов светски рекорд на 50 метри слободно, и доби награда од 1 милион долари. Сепак, овој рекорд нема да биде признат, бидејќи Голомеев пливаше допингуван и со костим од материјал кој е забранет на официјални натпреварувања.

Светскиот рекорд на 50 метри слободен стил, поставен минатиот март од Австралиецот Камерон МекЕвој, е 20,88 секунди, а Голомеев имаше време од 20,81 секунда. Овој настап беше во Лас Вегас за време на контроверзното еднодневно натпреварување Enhanced Games, каде допингот е дозволен и под медицински надзор.

Овој „рекорд“ нема да биде ратификуван, бидејќи освен лековите за подобрување на перформансите, пливачот носеше и целосно полиуретанско одело, кое е забрането на официјалните натпревари.

Инаку, ниту еден друг спортист освен Голомеев, без разлика дали е атлетичар, кревач на тегови или пливач, не успеа да го подобри светскиот рекорд иако некои настапиле допингувани со недозволени стимулативни средства.

Организаторите предвидоа дека ќе бидат соборени неколку светски рекорди, но тоа не се случи и Голомеев ги спаси од дебакл.

 

- Оглас -

Најнови вести