Поставија клупски рекорд по бројот на продадени влезници, а ќе играат без публика

Екипата на Мура во Словенија преку својата интернет страница се пофали дека успеала да продаде најголем број на влезници во клупската историја и тоа за утрешниот меч против Табор од Сежана. Мура успеала да продаде 10.000 билети за мечот на кој воопшто нема да биде дозволено присуство на публика, затоа што средбите од првенството во Словенија се играат без гледачи поради стравот од Коронавирусот.

Досега клупскиот рекорд на најмногу продадени билети за дуел на Мура бил 4.400 карти за средбата против Олимпија, а капацитетот на нивниот стадион е помалку од 4.000 седишта. Рекордот од 10.000 продадени влезници е како дел од акцијата „Ние сме Мура“.

Влезниците кои беа продаване беа поделени на класи. Оние кои имаа купено од најскапите билети ќе добијат сувенир од клубот.

„Од ден на ден  стигнуваат барања за билети од цела Европа за нашиот прв меч кој ќе биде без гледачи. Тоа се влезници за колекционери. Имаме продадено билети во Хрватска, Германија, Русија, Украина, Велика Британија, Австрија, Белгија и во уште ногу други земји“, велат од клубот на Мура.

 

- Оглас -

Најнови вести