Постер на Ѓоковиќ носи многу радост кај аутистични деца од Штип (Фото)

Твитерџијата и еден од основачите на здружението на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби, „Сплотени срца“, Зоран Мијалков од Штип, има две деца кои се со попреченост, поточно аутистични.

Поголемиот син, Петар, кој има 17 години, е голем фан на тенисерот Новак Ѓоковиќ, и многу се израдувал кога дедо му дома му донел постери со насмеаниот лик на Новак.

„Петар се насмеа кога го виде постерот, беше изненаден. Петар не зборува, но има перцепција за добри луѓе и позитивна енергија. Кога е меѓу добри луѓе тој е среќен. Материјалното ништо не му значи, но ова го израдува. Се трудам на секакви начини да ги насмеам и забавувам, но честопати мојот максимум не е доволен“ – напиша таткото Зоран на „Твитер“.

Додека шетал низ Штип, секој ден одел да допре постер од Ѓоковиќ, па бил тажен кога тој постер бил тргнат. Затоа дедото решил да најде постер со ликот на Новак, и Петар повторно бил расположен.

Другиот син, Никола, кој е помлад од Никола, роден е со оваа автоимуна болест, но и тој го сака Новак.

„Сега и Никола го обожува Новак. Ги гледаат сите негови натпревари. Случајно забележавме дека реагираат на Новак и тој им измамува насмевки на лицата. Размислувам како да им овозможам во живо да го гледаат Ѓоковиќ“ – раскажува таткото Зоран.

- Оглас -

Најнови вести