Бенфика и Интер ремизираа 3:3 во меч од петтото коло во групната фаза на Лигата на шампиони, а домаќините може да жалат што не се израдуваа на првата победа. Бенфика одигра фантастично прво полувреме во кое блескаше Жоао Марио. Некогашниот играч на Интер постигна хет-трик во првите 45 минути, но на крајот од средбата се покажа дека тоа не е доволно за победа над Нераѕурите.
Интер во второто полувреме израмни на 3:3, а гостите дури имаа шанса и за целосен пресврт. По завршување на дуелот, Жоао Марио доби една топка како сувенир за постигнатиот хет-трик, но фудбалерот на Бенфика без многу двоумење на фрли топката и не сакаше да ја земе како сувенир.
По мечот, стрелецот на трите бода за Бенфика имаше и објаснување за својата постапка.
„Како да ја земам топката, кога прокоцкавме водство од 3:0? Во таков случај тоа не се прави“, беше одоговорот на Марио.