Постои лудо сценарио: Ако се поклопат два резултати, Манчестер и Лестер ќе играат и плејоф за влез во ЛШ

До пред неколку години, во оваа фаза од првенството, кога играл Манчестер јунајтед, најчесто се зборувало за борба за титулата. Сезонава Црвените ѓаволи се во борба за освојување барем на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед има 62 бода, колку и Лестер, но Јунајтед има меч помалку. Со победа на „Олд Трафорд“, Манчестер ќе дојде во пол-позиција, но сепак нема ништо да биде решено затоа што во последното коло тимот на Оле Гупар Солскјер ќе гостува токму кај Лестер.

Моментно двата тим имаат по 62 бода и гол-разлика од плус 28 голови. Во целата оваа ситуација постои едно неверојатно сненарио, а тоа е Манчестер јунајтед и Лестер по завршување на сезоната, да треба да одиграат уште еден плејоф-меч кој ќе решава за патникот во ЛШ.

За да дојде до мечот кој досега никогаш не бил да одлучува за патникот во ЛШ, потребни се два резултати да се поклопат. Најпрво, вечерва Манчестер треба да го победи Вест хем со 5:3, а потоа, во последното коло Лестер со 1:0 да се радува против фаворитот.

Доколку се поклопат овие два резултати, тогаш Манчестер јунајтед и Лестер ќе имаат еднаков број бодови, иста гол-разлика, еднаков број дадени погодоци и еднаков број на примени погодоци. Пресметано е дека шансите за ова да се случи е 1/1260.

Манчестер е голем фаворит за победа против Вест хем, против кого има девет победи и две нерешени на последните 11 дуели одиграни на „Олд Трафорд“. Ако Манчестер победи со кој било резултат, во последното коло на гостувањето на стадионот „Кинг Пауер“ ќе му биде доволно само да не загуби од Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести