Фудбалерите на Ал-Наср дојдоа и до шесттата победа по ред во првенството на Саудиска Арабија, но и покрај тоа ќе останат без трофејот, бидејќи Ал-Хилал се чини дека е недостижен на врвот од табелата.
Екипата предводена од Кристијано Роналдо дојде до минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Ал-Калеј, но португалецот повторно не се запиша во листата на стрелците, а единствениот погодок беше дело на Емерик Лапорт во 68-мата минута.
Кристијано Роналдо последниот гол за Ал-Наср го постигна на втори април и тоа хет-трик против Абха.